Гери Невил: Санчо е преценет!

Некогашниот англиски репрезентативец и легенда на Манчестер јунајтед, Гери Невил, смета дека сите пофалби за играта и квалитетите на Џејдон Санчо се доста преувеличени. Санчо кој има 20 години и настапува за Борусија Дортмунд, се најавува дека во блиска иднина може да направи трансфер во Манчестер, и тоа за сума од над 100 милиони евра.

Сезонава Англичанецот имаше 17 гола и 19 асистенции на 35 средби, но според Невил, тој уште далеку од највисокото ниво.

„Ако треба да бидам чесен и искрен, според мене во моментов малку преувеличуваме за Санчо. Тој навистина е талентиран, но не можеме да го сместиме во иста категорија со светските ѕвезди кои постојано освојуваат трофеи“, – рече Невил.

Невил додава дека во Англија има одлични млади фудбалери, но има и во Бразил, Аргентина, Германија, Белгија.

„Во минатото имавме златна генерација со Бекам, Џерард, Лампард, Руни, но Бразилците располагаа со Ривалдо, Роналдињо, Роналдо, тогаш нивната генерација треба да се нарече платинеста? Аргентина сега ги има Меси, Игуаин, Ди Марија, Агуеро. Санчо засега уште не е како нив, можеби во иднина, кога редовно ќе освојува важни пехари“ – заклучи Невил.

- Оглас -

Најнови вести