Гери Невил сурово реален за тоа каде е Манчестер јунајтед во моментов

Само по три поминати кола во англиската Премиер лига, Манчестер јунајтед веќе има пет бода заостанување зад лидерот Ливерпул. На стартот од сезоната, Манчестер со 4:0 го растури Челзи, но потоа следуваа разочарувањата. Одиграа 1:1 на гости кај Вулверхемптон, а потоа дома загубија од Кристал палас со 1:2.

Легендата на клубот, Гери Невил, вели дека менаџерот Оле Гунар Солскјер и неговите соработници ќе мора да работат уште многу за да биде Манчестер на нивото да се бори за титулата во Премиер лигата. Според Невил, Сити и Ливерпул се многу пред неговиот Манчестер.

„Најважна работа за Оле Гунар Солскјер е да не прави грешки во преодните рокови кои следуваат. Не треба да се купуваат премногу нови играчи, туку да се најдат вистинските играчи кои се потребни. Можеби изгледа како премногу гледање во иднината, но јас би предложил во следните четири-пет преодни рокови да се исправат работите и да се создаде тим кој ќе може да парира на Манчестер сити и Ливерпул. Реков и претходно, тимот нема да биде подготвен на крајот од оваа сезона, нема да биде ни следната, туку дури таа потоа за да може да се бори за титулата“, вели во својата анализа Гери Невил.

Некогашниот десен бек целата играчка кариера ја помина во дресот на Манчестер јунајтед, а се радуваше на осум титули во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести