Германија даваше голови во 91 и 100 минута, но сепак загуби од Замбија со гол во 102 минута (Видео)

Светското фудбалско првенство за жени е на прагот, па дел од селекциите играат подготвителни мечеви. Репрезентацијата на Германија секогаш е меѓу фаворитите за висок пласман на Мундијалот, но синоќа Панцерите доживеаа непријатно искуство на средбата против Замбија.

Иако германските девојки беа апсолутни фаворитки за победа, на теренот не беше така. По првиот дел немаше голови, а во второто полувреме се случи вистинско шоу. Замбија даде два брзи гола, па африканската селекција водеше со 2:0 по 54 минути игра.

Овој резултат беше активен се додека започна судиското надополнување. во 90+1 минута Германија намали на 1:2, а во 90+10 минута Панцерите стигнаа и до 2:2. Кога се чинеше дека Германија се спаси од срамен пораз од Замбија се случи ново чудо.

Се играше 90+12 минута кога Барба Банда со својот втор погодок на мечот донесе голема радост за Замбија и победа од 3:2 над фаворизираниот ривал. Драмата и сите пет гола од овој меч може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести