Германија ги елиминираа Американците и ќе играат во финалето на СП

Репрезентацијата на Германија ќе игра во финалето на Светското кошаркарско првенство, откако во драматичен меч со 113:111 ја победија селекцијата на САД. Неверојатен беше дуелот на кој Германците успеаа да ги совладаат НБА ѕвездите и си обезбедија место во финалето, каде за златото ќе играат против Србија. Германија е единствена селекција на овој Мундијал што нема ниту еден пораз.

Во текот на целиот меч како двете екипи да играа без одбрани, па затоа по 20 минути игра, резултатот беше 60:59 за Американците. На почетокот на третата четвртина Германија поведе со 64:62, а потоа за прв пат стигнаа и до двоцифрено водство од 92:82, па и во пресрет на последната четвртина имаа 10 поени предност.

Виски 12 поени предност од 106:94 имаше Германија во 35 минута, а Американците се вратија и стигнаа само на еден поен негатива (107:108). Сепак во последните две минути кога се решаваше победникот, Германците покажаа психолошка смиреност и стигнаа до 113:107, што на крајот се покажа како доволно за победа од 113:111.

Најефикасен кај Германија беше Андреас Обст со 24 поени, Вагнер имаше 22 поени, а Тајс даде 21 поени. Кај Американците најпрецизен беше Едвардс со 23 поени.

- Оглас -

Најнови вести