Германија ја надигра Франција и испрати порака до ривалите пред ЕП 2024 (Видео)

Со головите на Флоријан Вирц и Каи Хаверц, репрезентацијата на Германија во Лион ја совлада Франција со 2-0 во пријателски меч кој покажа дека Панцерите може да бидат многу опасни на ЕВРО 2024 кое во јуни и јули ќе се игра во нивната земја.

Вирц даде гол од првата акција, после само 7 секунди игра и најави дека ова е нивна вечер.

За Дидие Дешан ова беше јубилеен, 150-ти меч како селектор на Франција, а го претрпе 24-тиот пораз. Оливие Жиру по 130-ти пат играше за Триколорите и се зацврсти на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за светските вицешампиони.

Погледнете го голот на Хаверц за 2-0:

- Оглас -

Најнови вести