Германија ќе биде доста послаба за гостувањето во Скопје

Тони Крос објави крај на репрезентативната кариера по неуспешниот настап со Германија на Европското првенство, кое за Панцерите заврши по првата нокаут-рунда и елиминацијата од Англија.

Ова е добра вест за новиот селектор на македонската репрезентација, Боби Милевски, бидејќи ќе има една грижа помалку за возвраниот дуел против во квалицикациите за СП 2022. Четирикраниот првак со Фанси Флик како нов предводник гостува на Националната арена „Тодор Просеки“  на 11 октомври, во обид да им се реваншира на Рисовите кои приредија сензација во Дуисбург со триумфот од 2-1 во првата средба.

Искуството на Крос секако ќе им недостига, кој посочи дека му е жал што не можеше да се прости со европска титула со Панцерите, па нема да настапи ниту на Мундијалот во Катар доколку Германија обезбеди пласман. Ѕвездата на Реал Мадрид на 31 година става крај на интернационалната кариера, по 106 настапи и 17 гола, со освоена светска титула на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести