Германија немаше милост па БиХ го претрпе најтешкиот пораз во својата историја

Репрезентацијата на Германија со убедливи 7:0 славеше над Босна и Херцеговина во меч од петото коло во Лигата на нации. Со оваа победа Германија го обезбеди првото место во групата, а БиХ сигурно ќе испадне од А сегментот.

За Босна и Херцеговина ова е најтежок пораз во репрезентативната историја, а дебаклот го најаву Мусијала со погодок уште во втората минута од средбата. До крајот на првото полувреме Германија постигна уште два гола, а потоа Панцерите во исто темпо продолжија и во вториот дел.

Вирц постигна два гола, а потоа прецизен беше и Сане, за да конечните 7:0 ги постави Тим Кландинст во 79 минута.

Албанија и Чешка одиграа без голови, а Шведска со 2:1 ја победи Словачка.

- Оглас -

Најнови вести