Германија останува без големите ѕвезди од Реал и Манчестер сити!?

Германија за последен пат на едно големо натпреварување е под водство на селекторот Јоаким Лев. Панцерите неславно започнаа откако во Минхен со 0:1 загубија во дербито од Франција и сега мора да брка победи во дуелите со Португалија и Унгарија.

Германскиот весник „Билд“ објави дека овој турнир ќе им биде последно големо натпреварување за Тони Крос и Илкај Гундоган. Причина за тоа е што новиот селектор Ханси Флик планира во средниот ред да ги користи Џошуа Кимих и Леон Горецка.

Токму Кимих и Горецка се ударната сила во Баерн Минхен, тимот каде што во последните 18 месеци на чело беше тикму Флик, со кого ги освоија сите најзначајни трофеи. Крос, кој е главен во средниот ред на Реал Мадрид, има 31 година, додека Илкај Гундоган, кој е една година помлад, изминатава сеона беше најдобар играч во англискиот првак Манчестер сити.

„По завршување на Европското првенство, Крос и Гундоган ќе размислат дали и понатаму ќе бидат дел од германската репрезентација“, стои во текстот на „Билд“. Двајцата искусни и докажани фудбалери синоќа го одиграа целиот меч за Германија во поразот од Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести