Германија пак ќе ја покаже силата, ќе има голови во дербито на денот

6810 Португалија – Франција (21ч)

Репризата од финалето на претходното ЕП нема да биде идентично, односно да се реши со еден гол кој се дочека дури во продолженијата. Актуелниот бранител вечерва мора да триумфира за да се пласира во нокаут-фазата, додека Триколорите веќе се осминафиналисти.

И покрај обезбедениот пласман, Франција сигурно ќе сака со добар резултат да ги заврши групите, односно да го завери првото место во групата Ф, а тоа може да значи дека нема да се тактизира, туку двете селекции ќе играат напаѓачки фудбал, што е најава за спектакл во Будимпешта.

Од финалето на ЕП 2016, Португалија и Франција се сретнаа уште двапати во Лигата на нациите ремизирајќи без голови и минимална победа од 1-0 за светскиот шампион. Последен пат кога дуел на овие две селекции заврши со три или повеќе гола беше во октомври 2014 година, пријателски дуел кој Триколорите го добија со 2-1.

Предлог тип: 1X & 2+ (2.40)

 

6811 Германија – Унгарија (21ч)

И на Германија ѝ е потребна победа за пласман во нокаут-фазата, а по победата од 4-2 над Португалците, самодовербата е на високо ниво во соблекувалната на Панцерите. Иако Лев нема да смета на искусниот Томас Милер, Германија има играчи кои може да го решат мечот против Унгарија, која пак покажа храброст против Франција во ремито од 1-1.

Сепак, тука ќе одлучи квалитетот на четирикраниот светски шампион, па во „групата на смртта“ ќе нема изненадување и Германија заедно со Франција и Португалија треба да се најде во осминафиналето.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.72)

 

6809 Словачка – Шпанија (18ч)

Црвената фурија досега не покажа речиси ништо на ова ЕП, па пласманот во нокаут-фазата може да остане неостварена цел доколку составот на Луис Енрике не ја совлада Словачка. Шпанците делуваа безидејно во ремијата против Шведска и Полска, па само триумф им гарантира опстанок на ова ЕП, а Словачка покажа дека воопшто не е наивна репрезентација и  дефинитивно ќе ја намачи фаворизираната Шпанија.

Словачка памети еден триумф над Шпанија во вкупно шест дуели, додека Фуријата доби четири од нив и еднаш ремизираа при 1-1. Последен пат се сретнаа пред шест години во евроквалификациите, кога Фуријата предводена од тогашниот селектор Дел Боске славеше со 2-0.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.02)

 

6808 Шведска – Полска (18ч)

Вистинска драма ќе се случува попладнево со двата дуели од групата Е, каде што покрај веќе пласираната Шведска, местото во нокаут-фазата го бркаат и Полска, Шпанија и Словачка.

Тука сè зависи од Полјаците и во какво светло ќе се покаже Златната копачка на Европа, Роберт Левандовски, кој против Шпанија ја отвори својата сметка на ова ЕП и се очекува ново голгетерско издание од него.

Ако се гледа низ историјата, редовно имало победник во меѓусебните дуели на овие две селекции, а Полска памети само еден триумф од далечната 1974 година. Шведска од тогаш нареди седум победи, но се немаат сретнато од 2004 година и тешко е да се предвиди конечниот исход.

Предлог тип: 2-3 гола (2.0)

 

5705 Еквадор – Перу (23ч)

Еквадор освои само бод по два меча во групната фаза на Копа Америка, па затоа императив ќе биде вечерва да се надигра перуанската селекција за да се задржат шансите за пласман во нокаут-фазата.

Перу има позитивен биланс од 3-2 во последните пет меѓусебни дуели против Еквадор, сметајќи ја и победата на почетокот од овој месец со 2-1 во мундијалските квалификации, а во три од нив ГГ3+ е типот кој се покажувал како добитен.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.88)

- Оглас -

Најнови вести