Германија преживеа против Шпанија и спречи историски срам (Видео)

Резервистите Алваро Мората и Никлас Филкруг дадоа по еден гол во ремито 1-1 помеѓу Шпанија и Германија, по кои двата тима се во реални шанси да одат во осминафиналето.

Германците беа под притисок и во 83-тата минута го дадоа голот за олеснување. Сега им треба триумф над Костарика. Германија избегна првпат да врзе три мундијалски порази по ред. Шпанците и со бод против Јапонија се осминафиналисти, а може дури и со тесен пораз да одат понатаму.

https://twitter.com/i/status/1596969076269940736

- Оглас -

Најнови вести