Германска фудбалска бајка, Унион Берлин е на плус четири од Баерн

Фудбалерите на Унион Берлин славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Штутгарт во последниот натпревар од деветтото коло во Бундеслигата.

Со овој триумф продолжува фудбалската бајка на тимот од главниот град кој е лидер на табелата со 20 бода, два повеќе од второпласираниот Фрајбург и четири од актуелниот шампион Баерн Минхен.

Моментот на одлука се случи во 76 минута кога по корнерот на Гиселман, одлично скокна Пол Јекел и го совлада голманот на Штутгарт, Милер.

Триумфот во Штутгарт е идеална увертира пред наредното коло кога Унион Берлин на домашен терен ја пречекува Борусија Дортмунд, додека Баерн Минхен ќе игра против второпласираниот Фрајбург.

- Оглас -

Најнови вести