Германската легенда на половина пат да ја добие животната битка

Михаел Балак е на половина пат да ја добие животната битка откако при редовен лекарски преглед му беше пронајден тумор блиску до ‘рбетниот мозок. Веднаш му беше направена операција на ексгерманскиот репрезентативец во Хановер, по што докторите тврдат дека е надвор од животна опасност бидејќи туморот бил бениген.

На Балак му преостанува да одмора во следниот период за целосно да закрепне и да застане на нозе.

Германската легенда во 2012 година ја заврши професионалната кариера во матичниот клуб Баер Леверкузен, додека има запишано повеќе од 100 настапи за Баерн Минхен и Челзи.

Како играч на Леверкузен и Челзи, Балак памети два порази во финалињата на ЛШ против Реал Мадрид, односно Манчестер јунајтед, додека неговиот трет поранешен клуб Баерн во недела ќе се бори за европската титула против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести