Германски ефектно – Еве како функционира Бундеслигата во пост-корона ерата (Видео)

Познатата германска дисциплина, но и огромните можности со одлична инфраструктура, капацитети и квалитет им овозможија на бундеслигашите први од Топ-5 првенствата да направат кам-бек по долгата пандемија со Ковид-19.

Педантните Германци со видеоматеријал ефектно со примерот од мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен објаснија како беспрекорно функционираат сите сегменти од строгите протоколи на здравствените власти напишани на над 50 страници.

Најважна од се е дисциплината што за Герамнците и не е никаков проблем за да бидат пионери во пост-корона фудбалската ера.

Бундеслигата се рестартираше на 16. мај, период во кој егзистираше само белоруското првенство од сите 55 фудбалски федерации во Европа што имаат свои домашни шампионати.

 

- Оглас -

Најнови вести