Германски фудбалер: Кога победуваме, сите сме Германци, кога губиме, тогаш сме мајмуни

Репрезентација на Германија за фудбалери до 21 година не успеа да победи на првиот натревар од Европското првенство и одигра само 1-1 против Израел, иако имаше играч повеќе, но и промаши два пенали за победа.

„Кога победуваме, сите сме Германци. Кога ќе изгубиме, се појавуваат коментари за мајмуни. Џесик ги доби, и јас ги добив. Не промашуваме намерно, сакаме да ѝ помогнеме на екипата, но кога добивате такви пораки, тоа е одвратно“, изјави Јусуфа Мукоко, еден од фудбалерите кој промаши пенал.

Проблемите во германската репрезентација настанале бидејќи двајцата фудбалери, Јусуфа Мукоко и Џесик Нганкаму, кои промашија пенал против Израел, не се родени Германци и се црномурни, па германската јавност ги обвинува дека не се залагале доволно.

Фудбалерите добија поддршка и од останатите фудбалери и од селекторот Антонио ди Салво.

- Оглас -

Најнови вести