Германски клуб прослави гол со војничкиот поздрав наменет за турските војници

Турската фудбалска репрезентација вознемири многумина со војничкиот поздрав како одобрување кон нападите и во чест на загинатите војници во нападите врз Курдите во Сирија i може да добијат казна од УЕФА, а сега и еден германски аматерски клуб од десетта лига во таа земја ги следеше Турците.

Играчите од Туркспор Маjнбург од лигата на долна Баварија, четирите голови кои ги даде против Вилденбург ги прослави со војничкиот поздрав.

Од Баварскиот фудбалски сојуз изјавија дека нема да толерираат вакво однесување и дека сите играчи кои го злоупотребуваат фудбалот во политички мотивирани провокации ќе бидат казнети за дискириминација.

- Оглас -

Најнови вести