Германски третолигаш ги игра најлудите мечеви во Европа – Пресврти и седмици се заштитен знак на Манхајм

Манхајм ги игра најлудите мечеви во Европа на стартот од новата сезона, а со нив загарантирана е забавата, пресвртите и седмиците во вистински трилер дуели.

Денеска во меч од Третата германска лига на „Карл Бенц“ стадионот во Манхајм гледачите повторно присуствуваа на прекрасен меч и нов фестивал од голови што го доби домаќинот со 4:3.

И повторно имаше многу пресврти, па по предноста од 2:0 за домашниот тим, Дуисбург поведе со 3:2 и на крајот со нов пресврт загуби си 4:3.

Седмица со уште повеќе голови имаше и на дуелот од германскиот куп што Манхајм го одигра против Ајнтрахт Франкфурт пред две седмици, повторно на „Карл Бенц“. И тогаш домаќините поведоа со 2:0 и најавија сензација во пресметката со Бундеслигашот, па Ајнтрахт израмни на 2:2 и одново имаше негатова од еден гол против аутсајдерот, за потоа да има уште еден голем пресврт и триумф на фаворитот со 5:3.

Следен меч што Манхајм ќе го игра на домашен терен е тој на 14. септември против Вурцбургер што е шанса за нова трета седмица по ред на „Карл Бенц“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести