Германскиот тим е хит во Европа и Бундеслигата и победува европски шампиони, а на стадионот сè уште рачно го менуваат резултатот на семафорот (Фото)

Фудбалерите на Унион Берлин вчера испишаа уште едно убаво поглавје во клупската историја со елиминацијата од Лигата на Европа на четирикратниот европски шампион Ајакс, а на нивниот стадион сè уште се чувствуваат духовите од минатото.

Еден од тие „духови“ е стариот семафор на стадионот „Ан дер Алтен Форстераи“, кој и покрај чудата на модерната технологија, сè уште функционира и работи со помош на „човечка рака“.

Имено, иако од 2008 година има нов, модерен семафор на стадионот, управата од сентиментални причини одлучи да го задржи стариот, каде резултатот сè уште се менува рачно.

Двајца вработени во клубот рачно да го менуваат резултатот на натпреварите што се играат на стадионот „Ан дер Алтен Форстераи“.

Токму поради одлуката да се зачува стариот семафор и рачно да се менува резултатот, Унион Берлин доби илјадници нови фанови на социјалните мрежи кои најавија ќе навиваат за германскиот тим во иднина.

- Оглас -

Најнови вести