Германците заспаа, Швајцарците двапати ги матираа во голеадата во Келн (Видео)

Германците чекаа офсајд, а Швајцарците ги матираа во петтата минута, па потоа и во 26-тата минута и имаа предност од 2:0 во Келн, што ја намали Тимо Вернер со погодок во 28-мата минута. Мечот од четвртото коло во Сегментот А од Лигата на нациите е суперефикасен со три погодоци во првото полувреме и предност на Швајцарија од 2:1.

Соиграчот на Аријан Адеми, Марио Гаврановиќ, умешно избегна офсајд-замка и со прецизен удар со глава го изненади Мануел Нојер и одбраната на Германците за предност од 1:0.

Потоа повторно Швајцарците изведоа експресен контранапад во 26-тата минута, а погреши Нојер и на Фројлер не му беше тешко да го дуплира водството на гостите.

 

Мечот е исклучително важен за Германците, кои бијат битка со Шпанија за првото место и настап на финалниот турнир во Лигата на нациите.

Надежта дека можат до пресврт во второто полувреме им ја врати Тимо Вернер со погодок во 28-мата минута, но имаат само уште 45 минути за победа, што ги остава во игра за првото место во групата со Шпанија, Хрватска и Швајцарија.

 

- Оглас -

Најнови вести