Германците доцна се разбудија, Франција едвај ги победи

Франција ја победи Германија во првиот меч за двете репрезентации на Мундијалот во Кина, а „триколорите“ за малку ќе направеа од готово вересија и ќе прокоцкаа предност од 16 поени разлика по 20 минути игра. Победија со 78:74 во многу драматичен финиш.

Германците тргнаа на се, или ништо и имаат удар за тројка во самиот финиш, со кој ќе намалеа на само еден поен негатива, но промашија, па Фурние со две прецизно изведени слободни фрлања ја потврдија стартната победа на шампионатот.

Во меч што почна во ист термин, од 14.30 часот Дрим-тимот на САД ја победи Чешка со 88:67 и сега заедно со Турција е лидер во Е групата.

- Оглас -

Најнови вести