Германците бараат одмазда за контроверзниот меч од пред половина век – Го разбудија Интер со утрински огномет и кока-кола во Менхенгладбах (Фото)

Навивачите на Борусија Менхенгладбах му нарачаа будење на Интер во 4 часот наутро со огномет и со кока-кола и ги потсетија гостите од Милано на култниот меч меѓу двете екипи игран пред 49 години.

Вечерва двете екипи ќе бијат решавачка битка за продолжување на надежите за пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а домашните симпатизери со убави спомени го чекаат дуелот од петтото коло во групата Б.

Двете екипи играа меѓу себе во 1971 година во Купот на европските шампиони и Интер допатува во Менхегладбах со предност од 4:2.

Реваншот го добија Германците со неверојатни 7:1, но притоа имаше и инцидент. Гостинскиот играч Џани Бонисења беше погоден со шише од кока-кола и не можеше да го продолжи мечот, што се доигра и заврши со убедлива победа на Борусија од 7:1.

Домаќините тврдеа дека Бонисења одглумил повреда и дека празното шише од кока-кола воопшто не го погодило, но Интер се жалеше. УЕФА одлучи реваншот да се преигра. И тоа во Берлин, а заврши без голови, што му донесе пласман на италијанскиот тим во четвртфиналето на КЕШ.

Сега Борусија е во многу подобра ситуација од Интер, има 8 бода и е лидер на две кола пред крајот на натпреварите во групата Б, па им одговара и реми, додека Нераѕурите имаат само еден избор, победа на „Борусија парк“ за да останат во игра за пласман во нокаут-фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести