Неверојатни 13 голови се постигнати во првото полувреме на петте натпревари од Бундес лигата. Интересно, дури девет екипи постигнаа погодок, а само екипата на Унион Берлин не успеа да ја затресе противничката мрежа.
Најмногу голови има на мечот Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт, на кој се постигнати дури четири, а гостите имаат водство од 1-3.