Германците имаат проблеми, уште еден меч во ЛШ ќе се игра на неутрален терен

Борусија Менхенгладбах на 24 февруари ќе мора да игра во Будимпешта како домаќин во првиот осминафинален меч против Манчестер, а причина е германската рестрикција за влез во земјата.

Поради законите кои важат во Германија поради ковид-19, експедицијата на Манчестер сити нема да може да престојува во Менхенгладбах и да игра на „Борусија парк“ без да остане во карантин, нешто што е невозможно.

Поради тоа, Борусија мораше да прифати на 24 февруари како домаќин да игра во Будимпешта, на „Пушкаш арената“.

Иста мака има и Атлетико Мадрид, па веројатно и тие ќе го пречекаат Челзи на неутрален терен, па веќе е потврдено дека мечот Лајпциг – Ливерпул наместо во Германија, ќе се игра во унгарската престолнина Будимпешта, а според романските медиуми, 90 проценти е сигурно дека Атлетико и Челзи силите ќе си ги одмерат во Букурешт.

Романската федерација дала дозвола тој меч на 23 февруари да се игра на најголемиот стадион во Романија. Тоа е стадионот на кој македонската репрезентација треба да дебитира на ЕП во јуни.

- Оглас -

Најнови вести