Германците ќе се распукаат од голови, дербито на Рур треба да биде спектакл

Борусија Дортмунд – Шалке (15:30 ч.)

Борусија Дортмунд е најдобриот тим на домашен терен во досегашниот дел од Бундеслигата. Милионерите на 12 меча на свој терен имаат девет победи и само три нерешени, а се единтвени без ниту еден пораз со гол разлика од 41 дадени и само 10 примени гола.

Сепак, во наредниот дел од првенството, Борусија ќе биде без еден голем адут а тоа е публиката. На секој меч на „Сигнал Идуна парк“ досега имаше преку 80.000 гледачи, а сега средбите ќе се играат без гледачи. И покрај тоа, Борусија е фаворит, иако Шалке често знаел да го искористи факторот мотив за да направи изненадување.

На досегашните 25 меча, Борусија има дадено и примено вкупно 99 погодоци што е четири гола на меч и тоа доволно зборува дека мора да очекуваме ефикасен меч.

Не само на овој меч, туку воопшто на средбите од Бундеслигата досега сезонава имаше по 3,2 голови на натпревар, што е најдобар просек во најатрактивните првенства во Европа.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.08)

 

Лајпциг – Фрајбург (15:30 ч.)

Заедно со двете Борусии, Лајпциг е екипата која е во потера по лидерот Баерн. Фрајбург е во комотната зона на средината од табелата, тим кој знае да биде непредвидлив, што се покажа и со победата во есенскиот дел од сезоната со 2:1.

Кога играат овие два клуба, тоа е магнет за погодоци, па на последните осум меѓусебни соочувања секогаш имало барем по три гола. И да има многу погодоци, домаќините се тие кои треба повеќе да се радуваат.

Предлог тип: 1-1 3+ (2.55)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)

Ова е можеби еден од најнепредвидливите мечеви за типување денеска. Ајнтрахт важи за „домашен“ тим, но Борусија покажа дека е клуб со високи амбиции. Сепак, посебно тешко е да се знае во каква форма се играчите на двата тима по двомесечната пауза, но ако едно е предвидливо е тоа да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

БАТЕ Борисов – Слуск (18 ч.)

Ова е дерби во белоруското првенство. БАТЕ Борисов очајно ја започна сезоната со два порази во низа, но потоа нареди пет победи и само едно реми, покажувајќи дека сепак е главен фаворит за титулата. Слутск е тим кој пријатно изненади и по 8 кола има исто бодови колку и БАТЕ.

На последните пет меѓусебни средби БАТЕ има исто толку победи со гол разлика од 16 дадени и само еден примен гол од овој ривал.

Предлог тип: 1& 1+ второ полувреме (1.52)

 

Карлсруе – Дармштад (13 ч.)

Освен мечевите во Бундеслигата, денеска се активираат и средбите од Цвајте, односно втората германска лига. Карлсруе е екипа која е во зоната за испаѓање и едноставно мора да собира поени на свој терен ако сака да се обиде да се спаси. Дармштад реално нема сили да се бори за влез во Бундеслигата, а е далеку од испаѓање и многу порелаксирано ќе влезе во дуелот.

Во есенскиот дел од сезоната Карлсруе ремизираше на гости кај овој ривал, а интересно е што потоа го елиминираше и во Купот, па домаќините треба да продолжат во ист ритам.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести