Германците не се задоволни од дресовите за ЕП, ги потсетуваат на нацистички симбол?!

Германската фудбалска јавност е изненадена од новите дресови кои ги подготви Адидас за репрезентацијата и настапот на Европското првенство, на кое ќе бидат домаќини ова лето.

Договорот на Фудбалскиот сојуз на Германија и производителот на спортска опрема, Адидас, истекува во 2027-мата година, а потоа ќе продолжат со американскиот бренд, Најк. Сепак, новите дресови, односно формата на бројките воопшто не им се допаѓаат. Дресот со број 44, германците ги потсетува на нацистичкото „СС“, па јавно побараа да биде променет дизајнот.

- Оглас -

Најнови вести