Полно со погодоци беше попладнето во германската Бундеслига. Фрајбург беше најубедлив и иако играше на гости кај Аугсбург, успеа да победи со 4:0. Сите четири погодоци гостите ги постигнаа во второто полувреме.
На гости се радуваше и Мајнц против Бохум и тоа со 2:1. Ова беше единствениот дуел на кој немаше четири погодоци денеска, но сепак, за оние кои играат на голови е вистински резултат.
Унион Берлин со 3:1 ја победи Херта во дербито на главниот град на Германија, а најнеизвесно беше во Волфсбург каде домаќините со гол во 84 минута се спасија од пораз во дуелот против Вердер и одиграа 2:2.
Ако се знае дека синоќа, во првиот меч од ова коло Баерн убедливо со 6:1 го победи Ајнтрахт Франкфурт, просекот на погодоци во првото коло во Бундеслигата е над четири по средба.