Германците со уникатен рекорд во 21 век

Екипата на Келн синоќа со 4-0 победи на гостувањето кај Гројтер Фирт и на тој начин сигурно си обезбеди враќање во Бундеслигата. Со овој триумф, Келн има осум бода повеќе од второпласираниот Падерборн, а има само две кола до крајот.

Келн само една година помина во втората Бундеслига и експресно се врати. Ова е дури шеста промоција на Келн во Бундеслигата, што претставува рекорд на еден клуб во топ 5 лигите за 21 век. Во овој период, петпати во прва лига се враќаше екипата на Мец во Франција.

Келн е трикратен првак на Германија, а осум пати завршувал на второто место. Во клупските витрини има и четири пехари од Купот на Германија, а во 1986 година стигна и до финалето на Купот на УЕФА, кога загуби од Реал Мадрид со 3-5.

 

- Оглас -

Најнови вести