Германците се смирија, УЕФА сепак нема да ги казни поради капитенската лента на Нојер

Фудбалската федерација на Германија можеше да биде парично казнета затоа што нивниот капитен Мануел Нојер за време на Европското првенство носи капитенска лента во боите на виножитото, со што изразуваат поддршка кон ЛБГТ популацијата.

Во УЕФА сметаат дека тоа е политички гест, а таквите гестови се забранети, додека за германската ЛГБТ асоцијација ваквото размислување на УЕФА е неприфатливо. Вечерва УЕФА ја запре истрагата и ги извести Германците дека сепак нема да бидат казнети.

- Оглас -

Најнови вести