Германците залудно го молат Левандовски да не го урива рекордот на Милер

Роберт Левандовски изминатиот викенд го израмни рекордот на Герд Милер од 40 погодоци во Бундеслигата во една сезона, рекорд до кој беше незамисливо да се стигне цели 49 години. Сепак, ѕвездата на Баварците успеа во тоа, па во последното коло против Аугсбург ќе има прилика да стане апсолутен рекордер доколку постигне само уште еден гол.

Германците во меѓувреме го молат полскиот бомбардер да го остави рекордот на баварската икона, но сите обиди се залудни.

„Се чини дека Левандовски ќе го урне рекордот, но што ако доброволно се откаже од него? Незамисливо, зарем не? Но, што ако овој рекорд му го оставиме на Герд? Зошто да го оставиме? Бидејќи тоа е Герд Милер, човекот поради кој Баерн се претвори во ваков великан. Да се откаже од рекордот би било најубав и најемотивен начин да му се оддаде чест на Милер“ стои во една колумна на германскиот лист „Билд“.

Полјакот на овој предлог одговори така што игра за да победува и да урива рекорди, што значи дека во сабота големи се шансите за Левандовски да биде крунисан како најдобар напаѓач во Германија на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести