Гест за почит – Спалети донесе две рози за двете Иранки кои се симбол на културната револуција (Видео)

Лучано Спалети приреди гест за почит и на прес конференцијата пред дуелот против Торино што Наполи го игра денеска им оддаден почит на двете девојки од Иран кои го загубија животот и станаа вистински симбол на отпорот во културната револуција.

Тренерот на Наполи донесе две рози и истакна дека нема што повеќе да каже, освен дека цвеќето го донесе како знак на голема почит кон Маса Амини и Хадис Наџафи.

Napoli manager Luciano Spalletti brings two roses to the press conference to honour killed Iranian protesters – "They are for Mahsa Amini and Hadis Najafi." from soccer

Наполи денеска од 15 часот ќе игра против Торино и со победа ќе го задржи врвот на табелата по 8 кола.

Досега тимот за кој игра Елиф Елмас има пет победи и две нерешени и е без пораз на првото место со 17 бода, колку што има и Аталанта.

Торино е на деветтото место со 10 бода на 7 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести