Ги делат речиси 3.000 километри, но Бетис и Селтик цели 100 години се братски клубови

Бетис и Селтик вечерва за првпат ќе си ги одмерат силите, а интересна е приказната за тоа како двата клуба станаа братски благодарение на господинот Мануел Рамос Асенсио.

Мануел, кој пораснал во Андалузија, пред 100 години заминал да живее во Шкотска, во гратчето Дамфрис, во југозападниот дел на земјата, за да го научи англискиот јазик и за време на престојот го засакал фудбалот, а и Селтик, кој често го гледал. По враќањето дома, имаше голема улога како капитен и еден од основачите на Бетис.

На тимот му требаа нови дресови, па Мануел му се јавил на пријател од Глазгов и побарал од него да му испрати зелени и бели материјали од кои би се сошиле дресовите. Дотогаш Бетис носел сини и бели дресови, но тоа се сменило благодарение на Асенсио и сега Бетис е препознатлив по зелено-белата комбинација која доминира и на знамето на покраината Андалузија, во која се наоѓа градот Севилја.

За да се разликува од Селтик, Шпанците наместо хоризонтални, избраа вертикални линии. Навивачите на двата клуба со години си даваат поддршка едни на други, па на „Бенито Вилјамарин“ и „Селтик парк“ ќе има два интересни меча.

- Оглас -

Најнови вести