Ги израдува Овните – Убаво си нанишани, само ја згреши страната (Видео)

Марк Елис, стоперот на Торки, си постигна ефектен автогол во англиски стил и во седмата минута ја најави катастрофата на својот тим на гостувањето кај Дерби каунти.

Популарните Овни славеа со 5:0 како домаќини во повторениот меч од ФА купот против Торки откако првиот дуел заврши нерешено 2:2, а Елис да сакаше да си постигне ваков автогол, веројатно немаше да успее.

Derby County [1] – 0 Torquay United – Mark Elis 7′ (Great Header) from soccer

Потоа се редеа голови во мрежата на гостите, а погодуваа и Осула, Томпсон, Добин и Мекголдрик за убедлива победа на Дерби, кој има еден пехар во ФА купот освоен во 1946 година.

Во следното коло, Овните ќе играат против Њупорт во Националниот куп на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести