Ги качија цените за 15 отсто, навивачите им направија бунт и пак купија 30 илјади претплатни билети

Севилја објави дека веќе продаде 30 илјади годишни претплатни билети за новата сезона 2022/23, што е 75 отсто од капацитетот на „Рамон Санчес Писхуан“.

Иако челниците на рекордерот според бројот на титули во Лигата на Европа ги покачија цените на билетите за 15 отсто, сепак навивачите покажаа огромна лојалност и љубов кон својот клуб.

Се лутеа, направија и бунт со пораки на ѕидовите низ Севилја, протестирајќи против одлуката на раководството да има зголемување на цените на билетите, но сепак купија 30 илјади годишни билети.

Стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ има капацитет од 43.833 места.

 

- Оглас -

Најнови вести