Ги одбил Реал и Барса, за да игра во Њукасл, и тоа не сега, туку пред шест години

Напаѓачот на Лестер, Ајозе Перес, во кариерата има освоено само еден трофеј, и тоа Чемпионшип со Њукасл во сезоната 2016/2017, а неговите витирини дома ќе беа многу побогати ако пред шест години донел поинаква одлука. Шпанецот кој има 26 години, пред шест лета кога решил да си замине од Тенерифе, имал понуди од гигантите Реал Мадрид и Барселона, но решил да ги одбие и да прејде за 3 милиони евра во Њукасл.

„Ме сакаа Реал и Барса, но за во нивните Б тимови. Тоа ќе значеше дека повторно ќе треба да играм во втора лига. Колку и да беше голема чест да се облече дресот на тие великани, фактот што пак ќе требаше да играм втора лига, ме натера да размислам дали тоа би било добра одлука“ – вели Ајозе кој лани од Њукасл во Лестер прејде за 34 милиони евра.

Освен Реал и Барселона, интерес за него имало и од Порто, но таман да потшише, се јавиле од Њукасл кои биле најконкретни и не поставувале услови, па прифатил да оди во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести