Ги однесе на Светско првенство а богатите Саудијци знаат како да го наградат тоа (ФОТО)

Репрезентацијата на Саудиска Арабија обезбеди настап на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година. Предводени од селекторот Ерве Ренард тие ќе играат во групата Ц со Аргентина, Полска и Мексико.

Добрите резултати кои што ги имаа во квалификациите, богатите Саудијци знаат како да го наградат, па затоа одлучено е да ја продолжат соработката со Ренард.

Тие се толку уверени во неговата работа што му дадоа договор до 2027 година, а според некои информации тој ќе зима пет милиони евра на годишно ниво, што го прави еден од најплатените селектори.

- Оглас -

Најнови вести