Гигантите од Милано ќе имаат различна среќа

6010 Интер – Шахтар (18.45 часот)

По двете победи против Шериф, за Интер осминафиналната фаза е на дофат, но му треба триумф и против украинскиот тим. Италијанскиот првак одигра 0-0 на гостувањето кај Шахтар и тоа е единствениот бод досега за Украинците. Победа на Интер може да значи и обезбедување осминафинале, но ќе им треба и Реал Мадрид да остане непоразен во Тираспол кај Шериф. Шахтар има лоша гол-разлика 1-9 по четири кола и мора да победи во Милано ако сака да ги задржи теоретските шанси за осминафинале.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

6011 Атлетико Мадрид – Милан (21.00 часот)

Ова е едно од двете клучни кола за Атлетико. Со победа и со помош од Ливерпул, Атлетико може да избие на второто место во групата пред одлучувачкиот меч со Порто во последната рунда. Росонерите се разочарувањето во оваа група, дури во четвртото коло го освоија првиот бод, но повеќе му ги расипаа математиките на Порто отколку што самите може да се пробијат до осминафинале. Дури и ако Милан слави во Мадрид, може да остане без осминафинале ако Порто изненади на „Енфилд“.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.45)

 

6013 Ливерпул – Порто (21.00 часот)

Ливерпул по четири кола има четири победи и сигурно е прв во ова друштво, па Клоп може малку и да одмори некоја ѕвезда. Мотивите се огромни кај Порто да остане непоразен, на Португалците ќе им треба да дадат барем еден гол ако сакаат да ја остварат целта. Првиот меч на „Драгао“ во септември заврши со триумф на Црвените од 5-1, па според тоа, Порто нема големи шанси вечерва да остане непоразен.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

6014 Манчестер сити – ПСЖ (21.00 часот)

На спектаклот на „Етихад“ мора да има голови. Двата тима имаат моќни состави и победа во меѓусебен дуел е голем поттик. Граѓаните со победа ќе го обезбедат првото место во групата. Тие имаат мотив да се реваншираат за поразот во Париз. Ако Бриж загуби од Лајпциг, тогаш и Сити и ПСЖ уште вечерва ќе станат осминафиналисти. Сити даде дури 15 гола во три меча од групата, но остана на нула против ПСЖ. Парижаните не знаат за пораз, но двете ремија им се киксеви и се доведоа во опасност да не бидат први иако го совладаа директниот конкурент. Де Бројне и Торес се повредени кај англискиот тим, но на нивна страна е публиката.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

6015 Шериф – Реал Мадрид (21.00 часот)

Дебитантот во ЛШ на сензационален начин ја почна сезоната, со две победи, од кои едната историска против Реал на гости, но потоа следуваа два порази од Интер и спуштање на земја. Мадриѓаните во последните сезони подобри резултати имаат на гости отколку дома и тоа не е добро за Бобан Николов и другарите, кои тешко дека ќе приредат ново чудо. Реал со победа би бил сигурен осминафиналист, а Шериф најверојатно продолжува во Лигата на Европа. Последните четири меча на Реал се со ГГ и 3+ голови.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (1.68)

- Оглас -

Најнови вести