Гигантот нема титула 12 години, сега има шанса – Рекордни 17 илјади гледачи патуваа за да ја видат победничката детелина со пет листа (Фото)

Неверојатни 17 илјади навивачи на Панатинаикос вчера патуваа за Волос за да ги бодрат фудбалерите да забележат нова победа во грчкото првенство и да се доближат до првата шампионска круна од 2010 година.

Фудбалерите на грчкиот гигант им возвратија на симпатизерите со убедлива победа од 5:1, па Детелинките останаа на врвот на табелата со максимални 10 победи.

Серијата на 20-кратниот грчки првак е импресивна, а посетата на гостински терен од 17 илјади навивачи на ПАО е една од најголемите во историјата на фудбалот кај нашиот јужен сосед.

Yesterday more than 17.000 Panathinaikos fans traveled away to Volos making it one of the biggest away movements in the history of the Greek League from soccer

Панатинаикос со 20 титули е втор на вечната листа зад големиот ривал Олимпијакос со 47, а нема шампионски пехар од 2010 година.

 

- Оглас -

Најнови вести