Гигантски потег на Баерн – Парична помош за 18 баварски клубови, подарок од првакот

Гигантски гест приреди Баерн Минхен со парична помош за 18 баварски клубови и плус донација и за Регионалната лига во оваа област на Германија.

Шампионот и најтрофејната екипа во земјата им подари по 20 илјади евра на вкупно 18 клубови во Баварија и плус донираше и 100 илјади евра на раководството на Регионалната лига на Баварија.

Вистински потег со ој покажаа дека се грижат за заедницата и за помалите клубови од областа од која доаѓаат.

„Сакаме да и помогнеме на фудбалската заедница во услови на криза. Ни помогнаа и нашите навивачи на кои им благодариме. Баерн има обврска да им помага на помалите и послабите од себе и се гордееме со потегот“, објавија германските шампиони.

Вкупната парична помош е околу 500 илјади евра, што ќе им биоде добредојдена на баварските клубови полесно да ја прегрмат кризата во услови на пандемија со Коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести