Гигс и Невил им излегоа во пресрет на лекарите и медицинскиот персонал

Рајан Гигс и Гери Невил, легендите на Манчестер јунајтед, ги ослободија двата хотели кои ги поседуваат во Манчестер за бесплатен престој на медицинскиот персонал. Во кризниот период во кој владее пандемијата со Коронавирусот, двајцата поранешни играчи на Јунајтед се погрижија за лекарите и медицинскиот персонал да имаат адекватни услови за одмор додека напоредно се борат против ширењето на вирусот Ковид-19.

И двајцата го зедоа примерот на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кој од вчера го отвори клупскиот хотел во Лондон за мобилизираните лекари и медицински сестри бесплатно да престојуваат.

„Вкупно 176 кревети ќе бидат ослободени за вработените во Националната здравствена организација кои се во Манчестер. Сите во нашата индустрија треба да покажат солидарност и да обезбедат сместување, не само за лекари и медицински персонал, туку и за сите оние кои немаат дом во овој период. Целиот медицински персонал ќе може бесплатно да престојува во нашите хотели со цел да бидат изолирани од семејтствата и да не ги доведат нивните животи во опасност“, се огласи Невил преку видеопорака на „Твитер“.

Премиер лигата засега е суспендирана до 4 април, додека во Велика Британија до утрово се потврдија 104 смртни случаи како последица од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести