Главата е главно оружје против голманите на Еуро 2020

Европското првенство кое се игра годинава, стана историско, не само поради рекордниот број на автоголови (засега 10), туку сега и по број на голови постигнати со глава. Денеска гол со глава даде Данецот Томас Дилејни, и тоа е вкупно 24-ти погодок на ова ЕП со глава, што е нов рекорд на континенталните шампионати.

До крајот на ЕП, треба да се одиграат уште четири меча, и овој рекорд од 24 гола со глава можеби ќе биде уште повеќе подобрен.

- Оглас -

Најнови вести