Главата горе, ги победивте Германија и Италија и го направивте народот горд!

Разочарувањето по поразот од 0-2 е разбирливо и природно, но македонските фудбалери треба да бидат горди на тоа што го направија и што дојдоа во ситуација на гости кај силната Португалија предводена од Кристијано Роналдо, ветеранот Пепе и низа други ѕвезди да се борат за учество на Светско првенство.

Тимот на Благоија Милевски покажа дека има квалитет, но фалеа некои нијанси и среќа во ждрепката за да бидеме учесници на Мундијалот.

Можеби веќе во следниот циклус ќе успееме. Овие фудбалери го можат тоа.

- Оглас -

Најнови вести