Манчестер сити беше шокиран на гостувањето во Лисабон и со 4:1 загуби од Спортинг. Со овој пораз Граѓаните продолжија една неверојатно лоша низа. За англискиот првак ова е трет пораз во низа и тоа во само седум дена.
Трите порази се во три различни натпреварувања. Лошата низа започна кога Сити загуби на гостувањето кај Тотенхем со 2:1 и беше елиминиран во Лига купот на Англија. Потоа следуваше гостувањето кај Борнмут во Премиер лигата, а Сити и тука загуби со 2:1.
Сега Сити загуби и од Спортинг во Лосабон и тоа со убедливи 4:1, што е трет пораз по ред. Вака лоша низа, три порази по ред Сити немал од април 2018 година, односно повеќе од шест години.
Четирите примени гола од Спортинг е само трет пат за тим предводен од Пеп Гвардиола во Лигата на шампиони. Гвардиола примил четири гола само уште од Реал Мадрид во април 2016 година во поразот од 4:0 и како предводник на Сити во поразот од Барселона (4:0) во октомври 2016 година.