Гледачите заспаа: Леванте и Хетафе поделија бодови без голови

Леванте и Хетафе ги победлија бодовите и тоа без голови во мечот од 22-то коло во Ла Лига. Домаќините статистички беа подобри за нијанса, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на голманот Сорија. Барди стартуваше од првата минута, а последните 20 минути од средбата му ги препушти на Мајорал.

Иако се затресе мрежа во текот на мечот, гостите постигнаа гол во 80-тата минута но истиот не беше регуларен, по што резултатот остана 0-0.

Хетафе со овој бод се изедначи со Алавес на делба на петтата позиција, двете екипи имаат по 32 бода, додека Алавес допрва треба да одигра меч против Реал Мадрид. Што се однесува за Леванте, тие одново се на 10-тото место со 27 бода, но дури по крајот на колото ќе ја дознаат својата позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести