Гледајте го Златан Ибрахимовиќ, во 10 часот ќе игра за Хамерби во Шведска

Повеќе од еден месец не можеме да гледаме врвен фудбал, но утрово сепак ќе имаме можност да гледаме еден врвен фудбалер. Златан Ибрахимовиќ утрово во 10 часот ќе биде дел од тренингот на Хамерби во Шведска и порача „Ако сакате да гледате како изведувам магични потези, имате бесплатен стрим, од 10 часот ќе играм за Хамерби“.

Ибрахимовиќ е роден во Шведска, а од пред неколку месеци купи дел од акциите на Хамерби. Веќе одреден период Златан се врати во родната земја и тренира со екипата на Хамерби. Утринскиот тренинг на овој тим ќе се пренесува во живо на Dplay, а ќе има посебна „Златан камера“ која ќе ги следи само потезите на еден од најдобрите фубалери во светот во изминативе две децении.

Тренинг-мечот ќе биде меѓу два тима од играчи на три различни клуба: Хамерби, Бајанс и ИК Фреј. Ова ќе биде само тренинг-дуел, но фактот дека на теренот ќе биде Златан Ибрахимовиќ, ќе го направи посебен, посебно ако се знае дека повеќе од еден месец не може да се гледа врвен фудбал.

Во Шведска нема посебни ригорозни рестрикции во живеењето и корона-вирусот го прифатија како некоја болест која треба да помине без да се стопира нормалното живеење.

- Оглас -

Најнови вести