„Метла“ за Лејкерс, Детроит не можеше да го запре Мичел и се жалеше на судењето

Оклахома Сити тандер стана 11-тиот тим во историјата на НБА кој ги добил првите осум натпревари во еден ист плејоф плејофот и првите две кола ги минал со „метли“ од по 4-0. Актуелниот првак се пласираше во финалето на западната конференција откако со 4-0 го елиминираше ЛА Лејкерс, а четвртата победа синоќа беше тесна со 115-110.

Леброн Џејмс можеби последен пат играше за Лејкерс, а со 24 поени и 12 скока, 41-годишникот покажа дека уште има сила и квалитет кај него. Сепак отсуството на Лука Дончиќ беше голем хендикеп за тимот и Оклахома го искористи тоа. Шај Гилџиус-Александер со 35 поени и осум асистенции беше предводник на Тандер.

Кливленд кавалирс не знае за пораз на домашен терен во овогодинешниот плејоф, има 6-0 пред своја публика. Но, немаат победа на гости, а ако сакаат источно финале, мора да победат на гости против Детроит. Сега е 2-2, Кавалирс победија 112-103 благодарение на историската трета четвртина во која направија серија од 24-0. Најзаслужен беше Донован Мичел кој даде дури 39 поени во второто полувреме (во првото имаше само четири) што е изедначување на НБА рекордот во плејоф.

Во Детроит после мечот се жалеа на судењето. Само Мичел изведе повеќе слободни фрлања отколку целиот тим на Пистонс. Тимот од Кливленд од пенал линијата шутна 34 пати, скоро трипати повеќе од 12-те слободни на гостите.

- Оглас -

Најнови вести