Гледајте Лига на шампиони на А1 Македонија

Лигата на шампионите продолжува со вторите натпревари меѓу најдобрите 16 екипи, во првото коло од елиминациите.

На Арена Спорт 1, отсега достапна и на А1 Македонија, од 21:00 часот Јувентус игра дома со Порто. Првиот меч заврши со 2:1, за португалскиот претставник. Домаќините поведоа со головите на Тареми и Марега, во 82-та минута Киеза постигна многу значаен гол за италијанскиот тим.

Кристијано Роналдо атакува на рекордот на Икер Касиљас, за што му недостасуваат два одиграни натпревара до 177 меча во Лигата на шампионите, што сезонава може да се случи само ако Јувентус го помине 1/8 финалниот филтер.

Првиот дуел од оваа фаза во ЛШ, беше и прва победа за Порто во пет елитни европски соочувања со Старата дама. Претходно, клубот од Торино забележа три победи, а еден меч заврши со нерешен исход. Јувентус има триумф (2:1) над Порто и во финалето на КПК, 1984-та година.

На Арена Спорт 2, во истиот термин се соочуваат Борусија Дортмунд и Севиља, со позитивен резултат за германската екипа од гостувањето во Шпанија. Милионерите славеа со 2:3, со два гола на норвешкиот голгетерски монструм, Арлинг Холанд.

Напаѓачот на Борусија има 8 гола на врвот на листата на стрелците сезонава, пред Алваро Мората од Јувентус и Нејмар од ПСЖ со по 6 погодоци, досега. Рекордот (17, 2014-та) во Лигата на шампионите е сопственост на Кристијано Роналдо, кој сезонава има скромни 4 погодоци.

Ова е прв елитен елиминациски двомеч, односно втор натпревар во ЛШ во кој ќе се соочат Борусија Дортмунд и Севилја. Претходно, во двата меча што ги одиграа во Лига Европа, германскиот тим еднаш победи, а другиот меч заврши реми.

В среда, на Арена Спорт 1 ќе го гледате мечот меѓу Ливерпул и Лајпциг, од 21:00 часот. Англиската екипа не може да пронајде ритам сезонава, што е огромна шанса за Германците. Иако тимот на Јурген Клоп победи на првиот меч со 2:0, доаѓа со два врзани пораза и три порази на последните 5 меча, во Премиер лигата.

Германската екипа има четири врзани победи и осум триумфи на последните 10 средби, одиграни во германските натпреварувања и во Лигата на шампионите. Во истиот термин, ПСЖ игра дома против Барселона, во улога на апсолутен фаворит по триумфот од 1:4 во првиот меч одигран на „Камп Ноу“.

Комерцијален текст

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести