Глен Мареј незапирлив, Реал Сосиедад е главен во Баскија

Дојде крај за црната серија на Брајтон во Премиерлигата, и благодарение на Глен Мареј, овој тим славеше со 1:0 против Вест Хем, што е нивна втора победа сезонава. За Мареј, ова е петти гол сезонава, што е повеќе од половината за Брајтон, кој е на бројката од 9 погодоци.

Повеќе голови од него има само Еден Азар од Челзи. Сите голови на Мареј се со шутеви внатре во 16-никот, па веќе за него се говори како за „модерен Гари Линекер“. Од друга страна, Вест Хем покажува големи осцилации. Пред пет дена го надиграа Манчестер јунајтед, а вечерва изгледаа како маалски тим.

АТЛЕТИК БИЛБАО НАПРАВИ ДВА ПЕНАЛИ И ПЛАТИ СО ПОРАЗ

Двата пенали, кои во голови ги претвори Ојарзабал, беа клучни за триумфот на Реал Сосиедад од 3:1 на гостувањето кај баскискиот ривал Атлетик во Билбао. Атлетик остана на само една победа сезонава во седум настапи. Сосиедад во тимот имаше девет локални играчи од неговата школа.

На трибините имаше доста навивачи на двата тима кои седеа едни до други, дури и момче и девојка во различни дресови седеа заедно, и тоа покажува дека нема омраза, туку само спортско ривалство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести