Глумица во филмови за возрасни даде непристоен предлог на голманот на ПСЖ, но веднаш стигна реакција од неговата сопруга

Пари Сен Жермен и Арсенал ќе играат во финалето на Лига на шампиони на 30 мај, а во пресрет на овој дуел, голманот на францускиот тим, Матвеј Сафонов доби непристојна понуда.  Глумицата Мери Рок која е позната по своите улоги во филмови за возрасни, му ветила „страствена ноќ“ на Сафонов за секоја успешна одбрана во финалето против Арсенал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary 💖 (@yoursmary_real)

Овој непристоен предлог од страна на атрактивната Рок веднаш стана популарен на социјалните мрежи, а целата приказна стигна и до сопругата на Сафонов, која реагираше на социјалните мрежи.

„Глумица од филмови за возрасни му посакала среќа на мојот маж во финалето на Лига на шампиони и му ветила страствена ноќ за секоја одбрана. Кутрата таа затоа што нема поим дека за него „страствена ноќ“ е да решава крстозбор, да гледа ТВ квизови и да си легне во 23:30 часот затоа што следниот ден мора рано да стане за на тренинг“, напиша Марина Сафонов.

 

- Оглас -

Најнови вести