Валверде се врати на тренинг на Реал, но се држеше настрана

Федерико Валверде првпат тренираше по инцидентот со Орелиен Чуамени, што резултираше со трауматска повреда на мозокот, што го принуди Уругвецот да оди во болница како превентивна мерка.

По тој инцидент, двајцата добија казна од по 500.000 евра, а се активираше стандардниот медицински протокол за овој вид повреда, со одмор и специфичен мониторинг за да се избегне каков било ризик. Клубот предвидуваше отсуство од 10 до 14 дена за Валверде.

Тој на денешната утринска сесија учествувал во вежби со низок интензитет и избегнувал какви било задачи што вклучуваат контакт, строго следејќи ги упатствата на медицинскиот персонал. 

Целта на клубот е јасна: да се почитува временската рамка од протоколот пред да се дозволи неговото целосно враќање на теренот. Неговиот напредок е позитивен, но дали ќе биде во составот в недела на гостувањето кај Севилја, сепак зависи од конечното одобрување од медицинскиот персонал. Поверојатно е да биде вклучен во составот за натпреварот против Атлетик Билбао во последното коло, под услов да ги помине последните тестови.

- Оглас -

Најнови вести