Напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, нема да биде продаден на Барселона, пренесуваат британските медиуми. Каталонскиот гигант стапил во контакт со претставниците и агенцијата на бразилскиот фудбалер, изразувајќи подготвеност да плати 70 милиони евра.
Според изворот, од Челзи рамнодушно реагирале на понудата. Клубот не само што нема намера да го продава напаѓачот во Шпанија, туку го означил Жоао Педро како еден од „недопирливите“ играчи, чија продажба е целосно исклучена во текот на следното лето.
Челзи воопшто не е заинтересиран за ваков тип преговори бидејќи клубот од Лондон размислува за дополнително засилување на составот.
Во тековната сезона Жоао Педро одигра 48 натпревари во сите конкуренции, при што постигна 20 гола и забележа девет асистенции.
Во Премиер лигата настапи на 34 натпревари, постигна 15 гола и запиша пет асистенции. Бразилецот има договор со Челзи до летото 2033 година.

