Изборот на Лукаку донесе хаос во селекцијата на Белгија

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за Светско првенство во фудбал 2026, кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

До почетокот на Светското првенство останува помалку од еден месец, а селекторите на репрезентациите кои обезбедија пласман веќе почнаа да ги откриваат своите карти.

Руди Гарсија ќе ја предводи Белгија на Мундијалот и одлучи веднаш да го објави конечниот список од 26-мина фудбалери.

Секако, не помина без изненадувања бидејќи повик не добија играчи како Лоис Опенда, Мало Густо Фофана, Мика Готс, Лукас Стасин и Артур Вермерен. Сепак, најголемо изненадување за многумина е што повик доби Ромелу Лукаку.

Лукаку оваа сезона одигра само 64 минути во дресот на Наполи поради сериозни проблеми со повреди, но Гарсија сепак го вклучи на списокот за Мундијалот, што не наиде на позитивни реакции кај белгиската јавност.

„Луд си што го повика“, „Како се најде на списокот, само непотребно му зеде место некому“, „Тој човек не е подготвен! Не може да оди на Мундијал“, се само дел од коментарите во Белгија.

Многумина се загрижени во каква состојба ќе биде Лукаку и дали воопшто ќе може да настапи, сметајќи дека Гарсија требало веднаш да му даде шанса на некој друг напаѓач. Лукаку и понатаму е повреден, а не е познато кога ќе се врати на терените.

- Оглас -

Најнови вести